Турскиот наркобос Седат Пекер, на кој од страна на Заев му беше дадено полициско обезбедување и придружба со возила на МВР со флешери кажа дека бил и кај Зоран Заев дома, реагираат одВМРО-ДПМНЕ.

Што барал Седат Пекер кај Зоран Заев дома и за што разговарале? Ако Пекер е криминалец за СДСМ денес, тогаш зошто на истиот тој криминалец му дадоа полициско обезбедување и третман на државник? Зошто тој криминалец го примаа во нивните домови и со почести беше пречекуван од нивните функционери? Каква работа имаше СДСМ и Зоран Заев со криминалецот Седат Пекер кој три месеци престојуваше во Македонија? Со што го задолжил Пекер Заев и Спасовски, кои кога притисокот станал преголем наместо да го протераат во Турција каде се баеа со потерница го протерале во Косово и де факто го заштитиле од одговорност? СДСМ криминална и Заев да одговорат. Од одговорност нема да избегаат. Бродот тоне, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.