Очигледна е намерата на судечкиот совет со предметот „ТНТ“ што поскоро да го заврши овој случај. Обвинителството бара на обвинетите да не им се дозволат сведоци ниту пак докази.Ова би било целосно нарушување на принципот на еднаквост на оружјата.Откако одбраната се побуни судијата Огнен Ставрев даде пауза. По час и половина судењето продолжи и Ставрев почна да ги чита сите докази кои се предложени од страна на одбраната.

Обвинителството, односно обвинителот Рутстеми не ја крие намерата овој случај да заврши до 15 декември и пред извештајот на ЕУ да се  пофалат со пресуда за овој случај кој е преземен од поранешното СЈО.

Останува да се види дали судот ќе потклекне под овој притисок и ќе ги остави обвинетите без докази. Во овој случај , Обвинителството понуди над 800 докази, а одбраната 150, но ниту еден доказ на обвинетите досега не е прифатен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.