Македонија е европски Вухан, а за Заев граѓаните не вредат ни пет банки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија со Зоран Заев секој ден тоне се подлабоко и подлабоко.
Последното деноноќие има огромни 205 нови заразени и 6 починати лица од корона вирусот. Не е ни чудо што Италија, една од најпогодените земји во Европа од епидемијата, забранила влез на лица од Македонија. Ние се претвораме во европски Вухан. За жал убедлив рекоред сме во регионот по заразени и починати на еден милион жители, велат од партијата.

Но, додаваат, што да очекуваме кога државата ја води човек како Заев кој заедно со сите соработници е пријавен за криминал со докази за нивните злодела.

Човек кој вели дека граѓаните не вредат ни пет банки. Него го интересираат само сопствените милиони. Го интересира единствено организирано да функционираат криминалните и корупциските шеми. Видовме како снопчиња и куфери со пари се шетаат низ државата, а постои сведоштво дека тие завршувале токму кај Заев. Правдата била трампана со милиони евра, а не се воздржувале да влезат и во дил со контроверзен про руски бизнисмен, бидејќи тој давал 300 илјади евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додадаваат дека затоа Македонија тоне и во економијата, и во образованието и во здравството.

Затоа состојбата со епидемијата е таква како што е.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!, порачаа од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.