Случајот „Рекет” е единствениот целосно реализиран проект на Зоран Заев во овие три години бидејќи и тој и неговите соработници безрезервно му се посветија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека јасно е дека власта не можела да работи ништо друго бидејќи цел мандат нивните функционери наместо да носат инвестиции пиеле кафе со Боки 13.

Наместо натпревар кој повеќе проекти ќе направи имало натпревар кој повеќе слики ќе има со Боки 13. Цел политички врв е фатен во криминален октопод, а Русковска обвинителството невешто ги прикрива луѓето од власта. Иако спомнат од жртвите во „Рекет“, Вилма Русковска не најде причина да го повика Оливер Спасовски на распит и да го праша зошто не постапил кога цела јавност знаеше дека Боки 13 функционира криминално. Јавноста и без Русковска ја знае вистината дека врвот на власта е длабоко уплеткан во „Рекет“, се вели во денешното соопштение од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека наместо да се насочи кон организаторите и функционерите кои му дале моќ на Боки 13 да рекетира бизнисмени повеќе од една година и никој да не смее да го пријави, Русковска го затвори случајот со извршителите.

Бегањето од правдата нема да трае уште многу. По 12 април ќе има комплетна одговорност за сите кои се огрешиле кон законите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.