Договор за Законот за јавно обвинителство нема од две причини – субјективна и стратешка, смета претседтелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Според него, стратешки е тоа што на СДСМ во моментов му одговара да нема Закон за ЈО, затоа што само на тој начин кога ќе се зборува за СЈО и предметите, можат да му конкурираат на скандалот „Рекет 1“.
Не знам како ќе им конкурираат на „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет 4“ и мислам дека колку подолго оваа тема подолго се лиферува, мислат дека колку-толку ќе парираат кај неопределените. Субјективната е што на Зоран Заев не му одговара расчистување на криминалот во овие три години, но и оној криминал од минатото кој е заташкан. Не смееме да заборавиме дека овие политичари се од времето на „Центро“, „Славија“ и тој и останатите во врвот на СДСМ, смета Мицкоски.
Тој не се согласува со констатацијата на новинарот Васко Попетрески дека овој вакуум му одговара на ВМРО-ДПМНЕ за да се заташкаат и да застарат предметите на СЈО со цел ВМРО-ДПМНЕ и обвинетите од оваа партија никогаш да не одговараат.
Ве гледам во очи и повторно ќе ви кажам ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страната на законите и Уставот и ќе биде бескомпромисен борец за правда. Секој кој сторил криминал, треба да одговара низ фер и транспарентна судска постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.