Дали тетовското обвинителство го штити пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, чие име медиумите го споменуваа, односно посочија дека тој пукал на свадба пред една недела каде бил ранет неговиот син и уште едно лице? „Алфа телевизија“ дојде до копија од полицискиот записник и водејќи се по исказот даден од сведок кој бил присутен на свадбата на 30 јули, пратеникот Адеми и негов братучед се посочени дека пукале на веселбата.

Во еден момент Џеват испукал еден рафал од НН црн пиштол во вис, а за кратко време дошол и неговиот братучед, кој седел до Џеват, кој откако седнал и тој извадил огнено оружје, пиштол сива боја и испукал неколку куршуми. За кратко време почнале и двајцата да пукаат рафално со нивните пиштоли, како да се натпреваруваат кој ќе испука повеќе, а откако престанале да пукаат, ги вкрстиле цевките на пиштолите и ги држеле во раце, стои во записникот на полицијата до кој дојде Алфа ТВ.

Во записникот на полицијата стои дека биле повредени синот на пратеникот и уште едно лице, кои со потешки повреди завршија на Клиничкиот центар во Скопје.

Целата сторија на „Алфа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.