Течат последните неколку дена во кој претседателот Пендаровски треба да го даде мандатот за формирање на влада согласно резултатите од изборите на 15 јули. Уставот пропишува дека тој е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на владата да го додели на партијата, односно партиите кои имаат мнозинство во Собранието.

Но, тука се појавуваат две дилеми. Дали Собранието се смета за целосно конституирано без избран претседател, и тоа што засега ниту една партија или коалиција нема мнозинство во Собранието.

Згора на тоа, се уште актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери нема испратено писмо до шефот на државата во кое треба да го информира дека Собранието е конституирано. Оттаму, извори во ДУИ велат дека за нив се уште не се започнати десетте дена во кои претседателот треба да одреди мандатар за состав на Владата.

 

Другата дилема која се поставува зошто Пендаровски го чека крајниот рок и дали можеби со тоа му дава дополнително време на Заев за договор за формирање влада и на можни комбинаторики со партиите од албанскиот блок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.