Кога се донесуваше Законот за СЈО, амбасадорите на странските држави за кои зборувате, аплаудираа. Кога се формира СЈО, се фотографираа. Но, кога се распадна, срамот го понесовте вие, не амбасадорите, реплицираше на продолжението на 135 седница на Собрането пратеникот Илија Димовски.

Димовски ги повика СДСМ да отстапат од неуставниот предлог-закон за ЈО и во име на граѓаните да се донесе квалитетен закон, кој ќе обезбеди правда подеднакво за сите граѓани.

Деновите меѓу 12 и 16 февруари, кога требаше да се распушти Собрането, а потоа беше пролонгирано неговото распуштање Димовски ги нарече некрстени денови кога не се носат мудри одлуки, туку само одлуки поттикнати од лични интереси.

Прво да ја расчистиме дилемата дали од законот зависи датумот – не. Да не ги лажеме граѓаните и да не си ја покриваме совеста ако веќе сме одлучиле да гласаме за законот. И не зависат само од една држава, зависат и од друга држава, рече Димовски и се послужи со метафора за да објасни.

Го знаете скандалот со Фени? Знаете која држава е заинтересирана за Фени? Знете која држава прашува чија е бугарската фирма којашто е сега сопственик на Фени на штета на нејзина фирма? Ај распрашајте се малку да видиме чија е бугарската фирма сопственик на Фени. И во каква постапка таа бугарска фирма го доби Фени. И зошто ЈОРМ или СЈО не отвори истрага за Фени? Или Те-То. Зошто ЈО минатата година добило целокупна документација за оштета на дрѓавата од 200 милиони евра, а никој не повел истрага за случајот Те-то, во којшто се перат руски пари? За тоа кој ќе одговори, праша Димовски од собраниската говорница.

Тој ги повика пратениците од владејачката СДСМ да не се кријат под плаштот на ЕУ, зашто во ЕУ владее систем на вредности, а европските држави во Македонија имаат добар систем на информирање.

Знаат европските држави многу добро за сите афери, не само за „Рекет“. Многу добро знаат и за Фени, за Те-то. Уште поубаво знаат за злоупотребата на обвинителските и судските институции за бизнис интереси. Амбасадите знаат и за другиот сегмент од приказната, а Те-то и Фени ви се примери. Преку ноќ со одлуки се носат фирми во стечај заради бизнис интереси, па чудни компании од Бугарија ги купуваат бизнисите. Е тоа ќе амнестирате, рече Димовски и потсети дека гласот ЗА е соучешништво во криминалот, во недобивањето датум.

Димовски праша зошто ЈО досега не постапило за аферата „Леонардо“, „Грантови од Фондот за иновации“, „Камионите во РЕК“, „Наркопазарот во Македонија“, „Ослободување убијци“, „Милионите во СЈО, за дивоградбите во Охрид…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.