Двојните стаднарди во судството се мета на јавната критика веќе три години, а овојпат на социјалните мрежи беше поставено прашањето како истата обвинителка која дозволи денеска Катица Јанева на наш трошок со придружби и сите останати привилегии да присуствува на погребот на нејзината мајка, а неодамна истото не го дозволи за еден од обвинетите за 27 април, чија мајка исто така почина на денот на приведувањето.

Душко Лазаров, еден од 33 обвинети за 27ми Април и подоцна осуден на 15 години казна затвор, затоа што бил дел од оперативниот штаб на МВР, со советодавна функција, без никаква командна одговорност и скоро 7 месеци соработка со институциите, во функција на сведок, пред да стане обвинет, побара од истата оваа Обвинителка, право да присуствува на погребот на својата мајка, која ненадејно почина, дента кога тој беше приведен. Јавниот обвинител кој дава мислење и судијата на претходна постапка кој одредува мерки на претпазливост, не му дозволија на Душко еден ден после притворот да оди на погреб.

 

Зошто истата таа обвинителка, предложи Катица, денес, со цела нејзина моќ, информации, конекции, која беше 4 години на највисоката позиција во СЈО, која требаше да биде, столбот на правната држава, светлата точка на нашето судство, градителот на новата држава, а заврши како најголем криминалец, рекетар и слуга на криминалниот октопод на власт, денеска се шета низ државава, на наш трошок со придружби и сите останати привилегии?

 

Уште неколку месеци ви останаа да уживате во сите привилегии, злоупотреби и криминали, на следните предвремени парламентарни избори, оваа хунта ќе се соочи прво со народот, а веднаш потоа и со вистинска правда, која нема да биде ништо налик на оваа фарса, пишува на „Фејсбук“ Никола Трајчевски.

Душко Лазаров од МВР е казнет 15 години затвор дека не ја испочитувал наредбата на тогашниот министер Агим Нухиу да прати полициско засилување за спас на пратениците и новинарите на 27 април за време на нападот. Лазаров тој ден бил дежурен во оперативниот штаб во МВР, но за време на судењето неговиот адвокат Звонко Давидовиќ рече дека во штабот тој имал само советодавна функција и немал командна одговорност за да ја изврши наредбата.

Обвинителството тврди дека Лазаров одбил да спроведе негова усна наредба, надлежност што ја немал клиентот. Па зошто Агим Нихиу како министер не ја дал? Собранието му гори, него Душко Лазаров му е крив. И зошто го нема Нухиу во обвинението за 27 април?, праша за време на судењето Давидовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.