Зошто ги заборавивте полициските службеници со ребалансот на Буџетот, прашува Синдикатот на полицијата во Македонија откако СДСМ се пофали дека се грижи за здравствените работници вклучени во борбата со коронавирусот..

СДСМ вчера испрати соопштение во кое вели дека со ребалансот на Буџетот се предвидени 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од коронавирусот, во ковид-центрите во Скопје и во болниците во другите градови низ државата.

Синдикатот на полицијата во Македонија ја поздравува оваа одлука, но смета дека со оваа одлука во која не се опфатени полициските службеници кои се на првите фронтови во борбата со коронавирусот, нивниот труд е обезвреднет. Затоа Синдикатот баара Владата да ја преиспита одлуката и со ребалансот да предвиди награди и за полицајците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.