Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, која е осомничена во случајот „Рекет“ негодува што полицијата по налог на Јавното обивнителство денеска влезе во нејзиниот дом и при претресот одзеде доверлици документи.

Симптоматично е што актуелната потпретседателка на Собранието не негира дека кај неа е пронајдена доверлива документација и она што е поважно зошто такви документи биле во нејзниот дом.

Се поставува прашањето дали со реакцијата Ременски упати критика и до нејзиниот партиски другар Спасовски бидејќи во нејзниот дом упадна Полицијата, секако по барање на ЈО?

Ременски тврди дека документите не биле поврзани со некој предмет или кривично дело но не кажува која е нивната содржина.

Исто така Ременски реагира што се споменува името на нејзиниот сопруг Јовче, за што смета дека е злонамерно и тенденциозно..

Новата истрага за случајот „Рекет“ се води за невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, чиј почесен претседател беше Фросина Ременски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.