Денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“, заблагодарувајќи се на холандскиот премиер Марк Руте за поканата заедно да го следат натпреварот.

Моќна е спортската дипломатија. Премиерот Руте знае дека головите на „гостински“ терен се највредни, но без разлика на резултатот од мечот, од денес МКД и NED се уште поблиски. Им посакувам успешен натпревар на македонските репрезентативци. Напред момци! Играјте храбро, ние сме веќе горди на вас, пишува Заев.

На трибините покрај него повторно е сопругата Зорица Заева.

Фановите од Македонија поради рестрикциите во патувањето кон Холандија не го проследија денешниот меч во живо, но и покрај тоа црвено-жолти се трибините со Македонци од целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.