Премиерот Зоран Заев денес ќе биде на трибините во Букурешт на првиот натпревар на македонската репрезентација на дуелот со Австрија.

Македонија дебитира на големите натпреварувања, дел од државниот врв ќе биде во ложата на „Националната Арена“ денес од 18 часот.

На трибините ќе има и голем број на навивачи од Македонија и дијаспората кои се веќе тука, се очекува бројка од околу 3000 да го бодрат нашиот национален тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.