Во синоќешното гостување на 1ТВ, премерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали знаел дека неговиот брат Вице Заев го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски само затоа што кажал дека Вице Заев има 30 фирми и е економски фактор во државата, посочи дека тој не се гледа многу често со неговиот брат Вице Заев, бидејќи како што рече, бил почесто во Скопје и дека не знаел дека ќе го тужи Николоски.

Немав поима еве да ви кажам искрено ви зборам. Внатре има обвинувања за криминал, обвинувања за местенки, има обвинувања за влијание врз одредени работи. Чесно зборам секој пат. Има душа повредена и ми објаснува извини бе човек терај си ти по својот пат, терај си во својата политика, немав право во фондот да конкурирам, кога бев во опозиција немав право ништо, сега немам право да работам, извинете ќе тужам, вели Заев.

На последното рочиште Николоски изнеси низа од докази дека тужбата на Вице Заев е неоснована и нецелосна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.