Се бори ли власта против сите лажни вести или само ги оквалификува оние вести кои не и одговараат?! Досега нема реакција за лажната вест што беше објавена на некои портали. Имено, медиумите денеска објавија фотографија од Конгрес на СДСМ во 2005-та година на која, како што се тврдеа, се гледа Христијан Мицкоски. За тоа пристигна демант и тоа од член на СДСМ.

Петар Здравковски, негирал дека на фотографијата е сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а тој самиот ја споделил фотката од Конгресот на фејсбук.

„Откако го објавивме текстот н’е контактираше член на СДСМ, Петар Здравсковски, кој ни кажа дека на сликата е тој, а не лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Извинување до читателите и до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во она што би требало да биде демант на еден портал.

Во „билдањето“ на фото-веста споменатиот портал открива „минат труд“ на Христијан Мицкоски и тврдеи дека тој на Конгресот бил поканет и учестѕвувал како претсавник од Социјалистичка партија!?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, споделувајќи го и текстот и фотографиите објавени од членот на СДСМ, го прашува премиерот Зоран Заев, дали ова е борбата против лажни вести.

Следуаа низа коментари на социјалните мрежи:

Колку треба да си болен во умот, злобен и подлец за да злоупотребуваш лице со хендикеп за поени и да ги оправдаш парите?
Зборам и за глупиот Политико и оние од некоја ,,трета опција” кои се опседнати со ВМРО, секако, заработувајќи пари за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.