Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски со Фејсбук статус ги коментираше лажните весто кои денеска медиуми блиски до СДСМ ги пласираа на јавноста, тој му порача на Зоран Заев дека е свесен оти неговата „машинерија“ на лажни вести ќе проба да го оцрни во политичката кампања која следува, но сепак истакна дека треба да се потрудат подобро. Николоски упати порака до Заев: „Зоран Заев ќе те победам на 12ти април! Како беше она – Кој си ја ишка мувата од капата?“

Зоран Заев е сериозно уплашен па потрча помош да бара од фабриката за креирање лажни вести. Свесен сум дека следниве месец дена ќе бидам мета на најцрната кампања видена до сега, што би рекол Оливер Спасовски. Дечки од Бихачка, ајде потурдете се, можете подобро за тоа што ве плаќаат.
Зоран Заев ќе те победам на 12ти април! Вице го прикажаа на снимки со обвинети во „Рекет”, a богами и тебе.
Како беше она – Кој си ја ишка мувата од капата?, стои во текстот на Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.