Да, да беше реалноста како она ја имаме во Словенија, она што е во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, еве сите овие земји во опкружувањето имаат таква реалност и многу нормално ние зборуваме за 1, 2 или 5 лица на дневна основа инфицирани и ниту еден починат, со таква реалност да се слагам веднаш да почнеме кампања за изборите и да одиме на избори и да ги поразиме, нагласува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Курир“.

За мене е поштетна и најштетна пандемијата наречена ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, бидејќи тие практично ја целерираат пандемијата Ковид-19, да три месеци потоа тие ја ексцелерираат таа пандемија и практично нејзината сила сега во полн интензитет ние ја чувствуваме кога броиме, денеска еве ќе се повторам уште еднаш – повеќе од 115 заболени и никој нема одговорност и повторно ќе кажам  во оваа држава одговорност е заборавен збор-објаснува Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.