Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМЕ, вечерва во Алфа телевизија, во „Што не е јасно“, истакна дека Зоран Заев е конзистентен во уништувањето на македонската држава, во врска со преговорите со соседна Бугарија и комисијата за историја.

-Јас во едно друго интервју прашав дали е вистина дека постои процес на дискредитација на членовите на историската комисија, за нивна промена и поставувањето на сервилни луѓе кои што ќе му служат на Заев и ќе му потпишат се она што нему му е потребно во процесот за договарање со Бугарија, резултат на мојата провокација беше показна вежба во комисијата, да се покаже дека „ова ќе ви се случи и на вас“ доколку не слушате, со отстранувањето на членот на комисијата, вели Николоски.

Тој истакна дека верува дека има членови во комисијата кои имаат морал во својата работа, но верува и дека доколку оваа власт остане сите членови кои не одат во прилог на политиките и намерата на власта ќе бидат отстранети.
Николоски потенцираше дека Заев е конзистентен во уништувањето на македонската историја со ваквите потези и политики кои ги прави спротивно на националните интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.