Пензионерката Лилјана Тодоровска изутринава беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција да даде исказ за случајот „Рекет“. Таа е потписничка и автор на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Боки 13, а стана актуелна кога се
дозна дека подигнала 720 илјади евра врз основа на договорот на Меѓународниот сојуз Скопје и ГП Пелистер.

Во Обвинителството на распит беше и Зоран Милески Кичеец, кој заедно со Боки 13 беше уапсен при обид да ја напушти државава, но и е во друштво на Бојан Јовановски кога со еден милион
евра заминуваат од домот на Орце Камчев.

Овие снимки кои ги објави италијанскиот новинар, обвинителството ги имаше од претходно, а врз основа на други докази ги уапси двајцата осомничени.

(Извор – А1он)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.