Утре, вторник 23 јуни, ќе се одржи протест со мотото „Сите заедно: ЖОЛТ КАРТОН ЗА #ПРАВДА“. Почетокот на протестот е закажан за во 18 часот од пред Министерство за правда, од каде преку плоштадот ќе се оди до ОЈО и Кривичен СУД.

Повод за пвој протест е несразмерно малата казна за свирептото убиство со нож на младиот Никола Христовски, кое во судската поресуда беше оквалификувано како „убиство во миг“.

На Фејсбук профилот  „Приказни од булеварот“ се наведуваат неколку примери за пресуди „убиство во миг“ преку кои се покажува голема различност во однос на случувањата при тие убиства и убиството на Христовски, а со тоа и дека неговот убиство во никој случај не може да добие таква олеснителна околност за да биде „убиство во миг“.

„Прв случај – Убиство на миг : Во 2007 година пред Зоолошката градина во Скопје биле застрелани 2 лица поради тоа што лицето кое го сторило кривичното дело претходно трпело закани по живот и било претепано.

Втор случај – Убиство на миг : Во 2019 година во селото Арнакија дошло до физичка пресметка помеѓу две лица од кои едното употребило палка со што на другото лице му нанело разорно – нагмечена повреда. Ударот и повредата кај лицето предизвикало силен афект на страв и краткотрајна промена на свеста и перцепциите, па тој потоа од огнено оружје пиштол со калибар 6.35 мм испукал кон оштетениот три пати со што му нанел три прострелни рани.

Никола не се познавал со сторителот на кривичното дело и претходно помеѓу нив двајца немало никакви расправии. Убиецот не го познавал Никола и немале некои претходно нерасчистени работи, па оттука може да се претпостави дека Никола не претставувал сериозна закана за осудениот. Во пресудата стои дека се работело „за борба за живот“ дали тој на Никола или оној на осудениот, но не е така од повеќе причини.
Никола го стигнал осудениот и како што стои во пресудата двацата биле во легната положба, по што може да се заклучи дека истите се бореле помеѓу себе. Убиството следело на претходна расправија претходниот ден со дел од друштвото со кое се дружел Никола, по што утредента сторителот на кривичното дело понел ладно оружје нож со сечиво од 9цм со кое го извршил убиството. Од тука може да се заклучи дека убиецот СО НАМЕРА го понел ножот со себе, па оттука постои сомневање за умисла при целиот настан.

Никола немал никаков мотив да го лиши од живот или да му нанесе тешки телесни повреди на осудениот, бидејќи ако било така истиот ќе земел камен, шипка или дрво со кое би можел да му нанесе тешки телесни повреди, а не да се бори со осудениот. Пресудниот момент е тоа што осудениот извадил нож и му нанел убод со смртоносни повреди во пределот на градите.

Доколку да претпоставиме дека истиот би бил стигнат и нападнат од толпата и во тој момент го нанел убодот со нож кон некој од гонителите само во тој случај би можело да се земе предвид обвинение за убиство од миг, бидејќи ако топлпата почнала да му нанесува сериозни телесни и физички повреди, па единствениот излез да му бил возвраќање со несразмерна сила.

Никола немал никаква намера да го лиши од живот осудениот или да му претставува некоја сериозна закана кон животот, бидејќи Никола со себе не носел никакво оружје, па не може никако обвинението да се сведе на убиство на миг, од причина што истиот тргнал на веќе осудениот со „голи раце“, па оттука голем е несразмерот на сила кој е употребен против Никола.

Никола и сторителот на кривичното дело биле одалечени од останатата група, па оттука тие останале сами и фактот дека убиецот имал чуство на “прогонето животно” како што е наведено во пресудата „не држи вода“.

Стави се во кожата на родителите на Никола. Утре може да е и друго дете!
Затоа сите на улица!

На ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА застануваме, на дистанца од 1,5 метар и заедно креваме #ЖолтКартон за нашето судство, барајќи правда пред #Црвениот. Првите резултати од крикот наш стигнаа, но и закани и уцени. Доста е, последен пат кажуваме и бараме правда. Веќе системот се тресе, а правдата е на подвидок. Дојди и ти, дади поддршка, да се избориме!“ – стои во објавата.

Сите заедно: ЖОЛТ КАРТОН ЗА #ПРАВДА, утре во 18:00 часот – почнуваме од Министерство за правда, преку плоштад, до ОЈО и…

Gepostet von Приказни од булеварот am Montag, 22. Juni 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.