Второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец попладнево бил спроведен на Клиниката за дигестивна хирургија, a по прегледот бил вратен во притворот, дознава Телма.

Од Кривичниот суд ја потврдиле веста дека на барање на затворскиот доктор бил одобрен преглед на Милески, но не откриваат какви здравствени проблеми има осомничениот од аферата Рекет ниту на која клиника е однесен.

Пред два дена и првооосмничениот во Рекет Боки 13 беше спроведен на скопските клиники на испитувања кои биле потребни по претходно закажан оперативен зафат и попладнето беше вратен во Шутка.

Според неофицијалните информации Бојан Јовановски претходно имал закажано зафат во приватна болница, но самиот барал да се префрли на државно затоа што таа болница е поврзана со сведокот од случајот Рекет.

Јовановски и Милески сè уште не го посетиле обивнителството. Тие најверојатно ке бидат испрашувани на крај кога обвнителството ќе ги собере сите материјални докази и сведочења.
Во мегувреме завршија двете вештачења на телефоните на специјалната обвинителка Јанева.
Интересно е тоа што вториот телефон кој беше пронајден кај сестрата на девојката на синот на Јанева, бил комплетно форматиран и со нов ај клауд. Според извори на Телма блиски до истрагата и двата телефони кои беа запленети во истрагата Јанева ги земала преку СЈО но на прашањата од Телма упатени до ова обивнителство не добивме одговори даи форматираниот телефон пред да го даде на друго лице го користела како службен телефон ниту кога го дала тој телефон и почнала да го користи новиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.