Стотици демонстранти во моментот кај ТЦ Мавровска протестираат за пресудите во случајот „Монструм“. На браниците на полицијата закачени се плакати со судијката Кацарска, обвинителите Фетаи, Русковска и Јовески за кои велат се корумпирани.

На друг транспарент, пак, се наредени македонските политичари, меѓу кои и Бранко Црвенковски.

Демонстрантите веат албански и американски знамиња, и како и на претходните протести – знаме на „Голема Албанија“:

Полицискиот кордон не им дозволува да продолжат понатаму кон судот, па дел од нив демонстрантите се нафрлија врз полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.