Ел Чека експресно му одговори на премиерот Заев кој денеска од прес конференција побара телефон од кичевецот кој објавува бомби од САД да го праша „чекај бе пријател зошто ти само за господинот Ахмети објвуваш а не објавуваш за мене. Еве јавно нека објави и за мене…“.

Премиерот додаде дека приватноста е заштитена и дека за тоа Ел Чека ќе одговара.

Ел чека во реакцијата вели:

Зоран Заев знам кој ти е проблемот. Неуспехот на организираниот криминал што го имаше со СЈО. Пропадна планот за рекетирање и уценување! Сум ги прекршил законите, тогаш “да ти ги *бам законите” на таа држава што ги ослободува криминалците, а секој ден ги држи Албанците во затворите. Не заборавај земи го Али со Николче и дојдете навака. Мртви тела од денот кога дојдовте!“, напиша Ел Чека на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.