МАНУ не го менува името. Собранието го отфрли Предлог-законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите. Претседателот на Собранието Талат Џаџери ја информирал Академијата дека законот се повлекува на барање на МАНУ.

Измените на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, чиј предлагач беше Владата, се однесуваат на името на МАНУ, па така во Законот за Македонската академија на науките и уметностите  насловот „Закон за Македонската академија на науките и уметностите“ се менува и гласи „Закон за Академијата на науките и уметностите на Република Cеверна Македонија – МАНУ“, додека пак зборовите „Македонската академија на науките и уметностите“ се заменуваат со зборовите „Академијата на науките и уметностите на Република Cеверна Македонија – МАНУ“.

Набрзо шп потпишувањето на Преспанскиот договор Владата им препорача на сите институции да си ги сменат имињата со новото име на дрѓавата. И повеќето го сторија тоа, но МАНУ одби. Но, не успеа и обидот да преку Собрание, со измени  на постоечкиот закон.

Со Законот за Македонската академија на науките и уметностите се уредуваат статусот, задачите, финансирањето, изборот на членови и нивните права, органите и организацијата на дејноста на Македонската академија на науките и уметностите. Академијата е највисока и самостојна научна и уметничка установа во Република Македонија. Академијата е јавна установа од особено значење за Републиката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.