Бев пријавен за збор на конститивната седница на 27 април 2017 година, но не стигнав на ред. Вељановски бараше да се откажаме од правото на збор, но јас не сакав да го сторам тоа бидејќи имав потреба да го кажам својот став – истакна поранешниот пратеник Борис Змејковски на денешното рочиште за судењето за настаните од 27 април.

И Змејковски повтори дека не се сеќава дека имало случај да се прекине некоја точка, на која има пријавени дискутанти, за да се прејде на следна.

Змејковски вели дека на 27 април немал никаква комуникација со обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

Не само тој ден туку и долго време пред тоа немав контакт и комуникација со Ристовски и Јанакиески – тврди поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Змејковски вели дека иако е еден од основачите на партијата, немал посебни контакти со општинските комитети на партијата.

Немав контакти ни со месниот комитет од Лисиче од каде што потекнувам. Мене дури и денеска кога ќе ме сретнат членови на ВМРО-ДПМНЕ ме прашуваат зошто партијата е толку пасивна – додаде Змејковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.