Еден ист кандидат на различни огласи за вработување се пријавил со различна етничка припадност. Ваквите злоупотреби на балансерот ќе се надминуваат со законските измени најави министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Тој не планира промени на процентите во балансерот по кои ќе се вработува во припадници на етничките заедници во администрацијата, а кои сега се вкупен збир на резидентното и нерезидентното население. Министерот тврди -тоа е според методологија од 2015, објави Телма телевизија.

Кандидатот кој ќе аплицира за одредена работа, откако еднаш ќе селектира националност Македонец, Албанец, Турчин или друга националност, истата нема да може да ја промени, како што е ситуацијата со ЕМБГ, што не може да се промени, вели Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.

Методологијата на која се повикува министерот посочува единствено дека при распределба на вработувањата треба треба да се земе предвид процентуалната застапеност на припрадниците на заедниците од последно спроведениот попис, но не е посочено дека треба да е вкалкулирано и нерезидентно население. Ова беше спорно и за статстичарите кои посочуваа дека сите планирања во државата се вршат врз основа на резидентното насление.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.