Љубомир Јовески функционира како маша на власта, ги гони само новинарите кои се критички настроени кон власта, рече денеска новинарот Љупчо Златев кој денеска по налог на ОЈО беше повикан да даде изјава во полиција, затоа што како уредник на „Лидер” објави снимката на која се слуша како градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, киднапира и тепа човек.
И покрај налогот од обвинителство, на распитот во МВР не го открив свиркачот кој ми ја даде снимката од тоа како Курто Дудуш киднапира и тепа човек. Посочив дека сум сремен ако е потребно кривично да одговарам, но изворот не го откривам. Државниот обвинител Љубомир Јовески, кој е во буквална љубовна врска со власта, уште еднаш прави притисок врз слободното новинарство – наместо да се гони тепачот, се гонат оние кои објавиле за тепањето. Јас останувам да се борам за моите принципи, порача Златев.
Тој потенцираше дека иако тој како човек што ја објавил снимката е повикан на распит, до овој момент, месеци откако снимката е објавена, не постои налог за распит на Дудуш од Јовески, ниту од друг обвинител.
Очигледно е дека во оваа држава некој има право да тепа и да киднапира, а некој нема право да објавува за тоа. Курто Дудуш не се ни појавува на судењето во овој случај, никој не го привел, никој не го повикал. За разлика од него, мене, кој сум го објавил неговото дело, ме повикуваат во полиција. Не знам во која европска демократска држава би се случило нешто вакво. Не можам да поверувам до каде оди дрскоста на ОЈО така ригидно да го бара изворот на информацијата, рече Златев во вестите на „Алфа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.