Жителите на с. Јабланица веќе четврти ден се наоѓаат во незавидна ситуација заради непроодни патишта и без електрична енергија. Тоа што од канцелариите на бирократите може да се релативизира по медиумите и по социјалните мрежи, не може да биде скриено на терен.
Овие луѓе се жртва на нечија неспособност, се вели во објавата од ОК ВМРО ДПМНЕ Струга.

Од партијата апелираат до сите надлежни да вложат максимални напори и да им излезат во пресрет на јабланичани, не затоа што тоа е чин на добра волја, туку затоа што тоа е нечија должност.

Да можеа и струја ќе си донесеа, исто како што сами го расчистуваат патот.
Грижата за секој еден граѓанин не е во декларативните рецитали во средбите со нив пред секои избори, ами сега кога на дело треба да се покаже, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.