Во изјава пред  конференцијта „Конзервативните народни партии градат мостови кон заедничка европска иднина“ во организација на германската фондација „Конрад Аденауер“ лидерот на Алијанса за Албанците одговарајќи на прашање за тоа дали нема да му смета да соработува со ВМРО-ДПМНЕ поради настаните од 27 април, одговори дека тие настани не се никако поврзани со политички субјект туку со поединци, кои, за жал, се претвориле во бизнис-партнери на Зоран Заев.

Јас повеќе пати сум одговарал на ова прашање и во моите изјави и по телевизиски дебати и сум рекол дека настаните од 27 април на крајот на краиштата не се ориентирани само директно кон мене и за 27 април нема да дозволам ако имам лична причина да ја држам во заложништво  перспективата и иднината на вашите деца. Во име на случувањата на 27 април јас немам намера да ги амнестирам погрешните политики на Зоран Заев, а од друга страна не е дека политички субјекти ги направиле овие потези. Дали било 27 април или други случки кои се случиле. Тие што ги направиле тие постапки се поединци и тие поединци имаат и име и презиме. Колку што јас имам информации, но и јавноста, тие за жал се претвориле во бизнис-партнери на премиерот на државата, Зоран Заев. И ако некој треба да биде обвинет за 27 април, јавноста знае кои се тие луѓе кои ги организираа тие настани. Од друга страна, политичките субјекти нема зошто да бидат одговорни, туку одредени поединци кои ги преземале овие активности. И јас оваа работа сум ја препуштил на правната држава. Но, за жал оваа правна држава предводена од Зоран Заев го остави на слобода Сашо Мијалков, а го затвори Фета Алими, рече Села.

Во врска со ова ги спомна и политичарите од албанскиот блок за кои, како што кажа, славеле за неговата физичка елиминација а сега се во Владата заедно со Зоран Заев.

Други политичари од албанскиот политички блок кои ја славеа физичката елиминација на Зијадин Села, денес се во Владата заедно со Зоран Заев, па затоа настаните од 27 април денес се поврзани со Владата и ни малку со опозицијата. Бидејќи Владата имала што имала, покренала постапки и ги гонела кривично сите кои имале прст во оваа работа, но паралено со ова направиле и политички монтирани процеси во врска со овие настани. Не заборавајте дека процесот за затворање на Фета Алими го започнаа заедно со тенденциите за наше излегување од Владата. И за тоа јас не можам да го обвинам ВМРО-ДПМНЕ, туку СДСМ и ДУИ, заврши Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.