Зетот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Петар Поцков, инаку внук на градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков, е еден од членовите на Управниот одбор на Акционерското друштво за игри на среќа Државна лотарија, дознава „Фокус“.

Според тековната состојба на друштвото во државна сопственост, издадена од Централниот регистар, Поцков е еден од петмината членови на УО, покрај претседателката Катица Николовска – Прнаркова, Ѓорѓи Дамјановски, Благоја Лазаревски и Христа Најденов.

Членовите на ова тело ги избира Надзорниот одбор, во кој пак членуваат Бојан Јанев, Фатмир Рамаданоски, Бејназ Арифи, Александар Димитријоски, како и претседателката на младинската организација на ЛДП Моника Зајкова, избрани од страна на владата.

Според известувањето што на почетокот на годинава друштвото го пратила до Македонска берза, согласно обврската од Законот за хартии од вредност, Поцков е избран за член на УО на седница на НО оддржана минатата 2018 година.

Повеќе на „Фокус“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.