„Кој си ти да одлучуваш за цела генерација“, „П*дер еден скапан не за*ба цела генерација“, „Да умрете сите од еден до последен“, се дел од пораките кои како закани од средношколци ги добивал лидерот на средношколскиот Сојуз, Бленди Ходаи, по постигнатиот договор за државната матура. Тој вели дека е запрепастен од говорот на омраза на негови врсници и пораките кои ги добива од нив.

Се обидовме и со другите средношколски организации да седнеме на маса и да преговараме, но ова се одговорите кои ги добиваме – вели Ходаи за „Слободен печат“.

Средношколски фронт и Средношколски глас се другите средношколски организации кои се против договорот за матура кој Сојузот го постигна со премиерот Зоран Заев, а овие организации на нивните Фејсбук профили најавија и протести и бојкоти против договорот.

Сојузот не добил информации за тоа дека ќе протестираат некои средношколци, но се уште ми стигнуваат приватни пораки со навредливи содржини – додава Ходаи, кој не е сигурен дали пораките се испратени од ученици кои се дел од двете новоформирани средношколски организации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.