Добри вести од Шпанија, напиша денеска на својот Фејсбук профил, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, кој истакна дека се одржа конститутивната седница на Долниот дом на Парламентот на Шпанија, со положување на свечена заклетва на новите пратеници.

Со 166 гласови во вториот круг на гласање, Меричел Батет е реизбрана за претседател на Конгресот, а веднаш започна и формирањето на парламентарните комисии. За нас, во контекст на последната ратификација на Пристапниот протокол за Македонија во НАТО, ова е исклучително добра вест. По вчерашниот НАТО Самит во Лондон, веќе е јасно дека нашата татковина е рамноправен член на моќната глобална заедница, напиша Жерновски на ФБ статусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.