„Ми беше шеф“, „Не сакав да верувам дека се случило“, „Затоа што беше политичар од партија на власт и знаев дека нема поента“, „Ми беше другар“, „Ми се закани со отказ“, „Не и верувам на полицијата“, „Мајка ми ми кажа да не кажувам на никој“, „Зошто знам дека е џабе“… Ова се само дел од анонимните пораки испишани на хартија од жени кои се жртви на насилство, кои можете да ги забележите низ центарот на Скопје.

Иако во јавноста се верува дека само необразовани мажи од рурални средини ги тепаат жените, во интервју за „Слободен печат“, претседателката на Организацијата на жени на Град Скопје, Танка Дилевска ни откри дека кај нив се обраќаат и жени на познати функционери, од кои една жена на градоначалник дошла претепена. И не е единствена.

На СОС линијата 15 700, која функционира веќе 29 години, секој ден имаме околу 8 пријави, од кои 5 секогаш се во ноќните часови, по што, доколку се работи за телесна повреда секогаш ѝ излегуваме во пресрет на жртвата. По направен лекарски преглед, жртвите на семејно насилство ги сместуваме во нашиот шелтер центар каде што имаат можност да останат од 1 до 12 месеци. Од почетокот на 2019 година во шелтерот се сместени 10 жени и 12 деца, а лани беа сместени 30 жени и 18 деца. Но, проблемот се јавува по напуштањето на шелтерот, кога 80 проценти од жртвите се враќаат кај насилникот, поради економската зависност од мажот – објаснува Дилевска за „Слободен печат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.