На социјалните мрежи сè уште врие за фтографијата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска пред обележјата на УЧК, организација која уште во 1998 година е прогласена за терористичка од страна на американскиот Стејт департмент.

Шекеринска дополнително ги вжешти реакциите на граѓаните со нејзиниот статус со кој порача дека „дејствијата“ од 2001 година биле зад нас.

Покрај македнските граѓани и семејствата на бранителите, денеска за овие навреди реагираа и здружениијата на бранителите од Прилеп и Куманово.

На денешен ден, пак, се навршуваат 19 години од трагичната смрт на капетан Зоран Бубевски, кој загина од мина поставена од терористите на УЧК.

Му одадовме почит со фамилијата и полковник Драган Ковачки, но за жал оние кои треба да ја оддадат најголема почит, жената која го води Министерството за одбрана вчера го оскренави неговиот гроб и на останатите Бранители кои го дадоа својот живот за МАКЕДОНИЈА. За неа 2001 била далеку, а дали некогаш ги прашала фамилиите како им е овие 19 години, колкава им е празнината и болката. Најтешки се солзите на една мајка која го загубила своето чедо, но уште потешка е нејзината клетва.
ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЈУНАКУ, порача Никола Атанасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.