Со богата шветска маса и алкохол денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вработените го испратија довчерашниот министер Љупчо Николоски и го пречекаа новиот –  Трајан Димковски.

Од сè срце им благодарам на сите што дојдоа денеска во МЗШВ симболично да ги одбележиме бројните успеси кои ги постигнавме заедно во овие две години. Министерството го прават луѓето, мојот тим со кој секојдневно и неуморно работевме за да овозможиме подобри услови за нашите земјоделци. Ви благодарам за посветеноста и ви посакувам уште поголеми успеси во иднина, на чело со новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, порача на „Фејсбук“ Николоски.

Говор, дружба, исраќање, прегратки, јадење и пиење, додека оние во чија служба треба да бидат ги истураат плодовите на својата работа по улиците и реките.

(фото: Фејсбук/Љупчо Николовски)

Земјоделството во изминативе години е ставено на страна. Селата низ државата забрзано се празнат, а се повеќе ниви остануваат необработени, бидејќи нема ништо од ветувањата кои оваа власт им ги даде на земјоделците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.