Се наоѓаме пред владата на нашата држава. Оваа влада може слободно да се нарече бутик „ништо ново“, поради својот тендерашко криминоген менталитет и старите истрошени кадри од транзицијата, порачаа од пред Владата од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Коментирајќи го новиот владин состав порачаа дека „во овој бутик „ништо ново” како во минатите години така и во месеците што следат ќе можете да видете понуда: железни опинци на Заев затоа што викаше дека ќе ги облечел, ама 500 евра просек плата ќе имало, 500 евра просек плата нема, но затоа железни опинци има. Во овој бутик „ништо ново“ може да се најдат и искинати чевли, оние чевли ги оставаше Заев пред владата за иселените млади“.

Тука од овој бутик ќе видите и Фејсбук и Гугл кои само што не инвестирале. Санос автобуси, и секако славната Луј Витон чанта за продолжување на рекетот кој сега веќе е станат државно главно занимање. Ќе најдете и кесиња чист воздух, празна слама и многу лаги. Тоа оваа влада и го ветува, порача Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

И на крајот секако се прашувате колку чини овој владин бутик, чини 5 пари. Согласно признанието на самиот Зоран Заев. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ гласно и јасно кажува дека овој бутик има рок на траење и тој е многу краток.

Порачаа дека УМС останува со младите, а ВМРО-ДПМНЕ останува со народот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.