Познатиот колумнист и интелектуалец Арсим Зеколи во неговата последно објавена колумна “Кој го врати Никола Груевски” за Дојче веле на македонски јазик пишува за најновата афера во Владата. Зеколи смета дека Владата на Заев е падната, во часот кога низ етерот проструија пцостите и џингоизмите на неговата десна рака мислејќи на Драги Рашковски и неговите навреди упатени до Италија и италијанскиот народ како и за ромската заедница во Македонија.

Треба ли да кажам? Ако веќе инсистирате … Владата на Заев е падната, во часот кога низ етерот проструија пцостите и џингоизмите на неговата десна рака. За очекување е што пропагандистите на Заев подмолно се обидуваат да темата околу тендерите ја истакнат и ја развлечат низ бирократски магли полни со „одговорност, процедури, судство” и ја избегнат капиталната тема на анархичната неказнливост во Кабинетот Заев. Не велам дека местењето тендери не е битно. Но во очите на јавноста и ушите на граѓаните, просташтвото на Рашковски е дамокловиот меч кој и пресуди на судбината на Владата, на ист начин како тоа беше случај со Јанкуловска. Се што ќе следи е мачна, агонична претстава во која на Заев однапред му е јасен траги-крајот. Но за кого ќе биде хепи-ендот? За тоа – подоцна.

Како луѓе, родени од грев, вулгарноста е нераскинлива природа на нашето постоење. Која сакаме да ја надминеме, но кон која напати се подлизнуваме во час на анимозен гнев или копулативна присност кон одредена личност. Но, од каде сета оваа поплава на вулгарност кај нашите лидери вперени кон цели групи и народи? Вулгаризација поради која нашиот лидерски crème-de-la-crème се тетерави на граница – или дури под неа – на вулгарноста на обичниот народ. Навредите на Рашковски вперени кон Роми, Италијани и – машала! – цела јужна хемисфера, се само последните од редица искази поради кои мораме сосема легитимно да се запрашаме дали сме водени од најгрозните и најболните меѓу нас?

Целиот текст овде.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.