По информацијата дека премиерот во заминување Зоран Заев повторно правеше телефонски муабет со лажен соговорник, тој повторно се најде на мета на потсмев.

Меѓу најдобрите реакции е онаа на политичкиот аналитичар Арсим Зеколи, кој остави саркастичен коментар на „Твитер“.

Прво си прави лаф-муабет со Грета па дури потоа ја разоткриваат местенката!? Значи, очекувајте снимка на Заев и Грета за Антарктик. Каде-каде, и Јосип Броз ќе му се јави, пишува Зеколи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.