Неговата непопуларност кај етничките Македонци е правопропорционална со впечатокот споделен кај сите соседи кои (колку и да се (не)согласни со неговите политики) токму Црвенковски го сметаат како најсериозниот и најавтентичниот репрезент на македонската политика, ever!, пишува во својата последна колумна политичкиот аналитичар Арсим Зеколи, осврнувајќи се на „Бранкојалението“.

Но таа позитивистичка оценка која ја имам чуено ширум регионот, е речиси редовно следена од квалификативот „во споредба со оние што го наследија”. Верувам дека на Црвенковски секако ќе му ласка тој епитет на „последниот државник”. Што не може да се каже и за неговиот апсолутен невкус во наметнување припросто мангупство и идејно шарлатанство во сопственото опкружување, генериран од потребата за хранење на грандиоманијата на егото. Црвенковски успеа во премрежијата на иди-ми-Грујо-дојди-ми-Заев да ја сочува државничката аура. Но хендикепот на неговото его, кое еднаш му пресуди, останува да виси како Дамоклов меч врз идните тимски ангажмани и селекции, пишува Зеколи за „Дојче веле“ во колумната насловена како „Пак тој!“

Во овие години на автократизација на политиката, додава Зеколи, на Македонија ѝ е секако насушно потребен авторитет, самогенериран, искален повеќе низ порази отколку низ победи.

Секако не ѝ е потребен уште еден токсичен мачист со дигната рака во вис, опкружен со машки климаксо-хистерични groupies и препотени вулгарни женски hell angels. На Македонија ѝ недостасува мудрост на годините, смиреност на искаленост, благоприродна трпеливост и кротител на хормоналните ексцеси. Дали Црвенковски е веќе во таа фаза на политичката еволуција? Логично е да се очекува потврден одговор, иако самите години не носат зрелост и премин во зен-фаза на почитуван старешина. Но неговиот избор на соработници секако ќе биде назнака за неговата созреаност, пишува Зеколи.

Целата колумна тука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.