Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири во интервју за албанската телевизија Еуроњус Албанија рече дека од 2016 година Социјалдемократскиот сојуз веќе не е партија на Македонците.

Од 2016 година СДСМ не е партија на Македонците, таа е партија на сите граѓани, таа е граѓанска партија, рече Зеќири.

Тој истакна дека Законот за јазиците, односно Законот за употреба на албанскиот јазик не го донел Али Ахмети и ДУИ туку СДСМ и дека Зоран Заев бил тој кој со голем фанатизам го бранел законот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.