Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири вечерва во дебата на ТВ 24 го обвини министерот за внатрешни работи Наќе Чулев дека дозволил да не се казнуваат прекршителите на мерките против коронавирусот, откако генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев реагираше на укинувањето на дел од мерките при 38 новозаразени.

Наќе Чулев, свесно очигледно играше на оваа карта да се дозволи да нема казнување да нема почитување на мерките и луѓето да се заразуваат и да има бројки, за да бегаат од избори. Зошто бегаат од избори? Не ве сфаќам и не ве разбирам. Друга институција која може да казнува во моментов нема. За непочитување на мерките освен МВР кој може да изрече казна? Во државата тоа е МВР. Последниве случаи на заразени лица, поголемиот дел, не сите ни се резултат кога министерот прекина да казнува луѓе и дозволи во овие населби каде што има сега најмногу случаи, Чаир, Бутел, Сарај, Сингелиќ да се организираат и да не се презема ниту една мерка од МВР на масовни ифтари и затоа во време на полициски час се случуваше тоа. Полицијата никогаш не отиде да каже „Луѓе што правите.“ Од литијата во Струга, кој е казнет да непочитување на мерките таму, знаете некој? – праша Зекири

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.