Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, кој вечерва дебатираше во 24 анализа со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, не штедеше зборови ниту за да го дискредитира вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи од коалициската ДУИ.

На прашањето на Мисајловски зошто Зекири не побара оставка од Бујар Османи за неговите неуспеси, Зекири рече дека Османи воопшто не требало да биде министер.

Ви кажувам јавно дека не требаше тој воопшто да биде министер, а дали си ја врши работата или не покажуваат неговите резултати. Изиграва инспектор Мамли по државата, ви кажувам јавно, рече Зекири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.