Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири денеска не откри детали дали повторно ќе биде предложен за потпретседател на партијата.

Прашан дали на престојниот конгрес на партијата ќе биде предложен за потпретседател, Зекири на денешната прес-конференција, рече дека тоа е право на претседателот на партијата.

Потпретседателите на партијата, како што појасни, не се бираат на конгрес, туку нив ги предлага претседателот на партијата по конгресот.

На конгресот не се избираат потпретседатели на партијата. Тоа право го има претседателот на партијата. Тој ги предлага потпретседателите по конгресот. Согласно статусот, сега имаме четири потпретседатели, но ова е право на претседателот на партијата, рече Зекири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.