Без разлика на сè, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, порача предмалку Мухамед Зекири, споделувајжи фотографија од него и премиерот Зоран Заев со стиснати тупаници.

Алудирајќи на условувањата од Беса на Биљал Касами, Зекири вели дека „ќе успееме, без разлика на уцени или желбите на деструктивните сили“.

„Без разлика на сè, без разлика на уцени или желбите на деструктивните сили ќе успееме заедно со нашиот лидер Зоран Заев. Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ“, напиша пратеникот од редовите на владејачката СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.