ДУИ во судир со СДСМ и другите партии не дозволи да се избере директор на Државниот завод за ревизија, ова синоќа го објави пратеникот Мухамед Зекири.

ДУИ продолжува да работи против интересите на Албанците. Доказ за тоа беше денешното дејствувањето на нивниот заменик Ејуп Алими во комисијата кој без гласање го напушти состанокот, спречувајќи професионален Албанец како Адам Цури да биде избран за директор на Државниот завод за ревизија“, објави потпретседателот на СДСМ.

Државниот завод за ревизија веќе две години е без директор. Неговиот избор е неопходен и поради оддржување на најавените предвремени избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.