Граѓанското здружение „Сите заедно можеме“, во кое како донатори се јавуваат и семејството Заеви, сега почна со реализација на, како што велат, хумана помош за граѓаните кои се наоѓаат во Казнено поправните домови и установи.

Како што соопшти здружението, хуманитарната помош вклучува пакети со средства за лична хигиена и одредена количина прехранбени производи.

Свесни дека глобална пандемија со коронавирусот предизвика последици врз економијата и погоди многу наши граѓани, во духот на солидарноста, овде сме да им помогнеме на најпогодените, на ранливите категории, но и сите оние кои им е потребна помош, велат од здружението.

Нашата цел, посочуваат оттаму, е да опфатиме што повеќе Казнено поправни домови и установи.

Солидарноста и меѓусебното помагање се нашата водилка. Тука сме за сите граѓани, тука сме да помогнеме. Знаеме дека државата обезбедува услови за овие наши сограѓани, но сметаме дека во ова време помошта им е неопходна и на нив, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.