Здружението за заштита на правата на вработените во МВР „Сигурност“, испрати писмо до јавноста во кое му дава целосна поддршка на кандидапот за технички министер за внатрешни работи, Драган Ковачки.

Почитувани, како вработени во МВР, целосно посветени на службата кон државата, сметаме дека е време професионалец како Драган Ковачки да ја превземе службата и работата на МВР. После подолг период неопходна е професионализација на МВР, чии структури се политизирани подолг временски период и особено изобличени со непрофесионални и нестандардни систематизации. МВР има потреба од професионалци кои ќе го спроведуваат законот. Нема министерство кое не доживува дисторзии кога во еден ден се пишуваат над 1.000 решенија за прераспределување на работните места и задачи. Ете токму тоа се случи последниот месец во Министерството за внатрешни работи. Треба да се стави крај на политизацијата на полицијата, а Ковачки е професионалец во кој веруваме. Стоп за политички решенија, да, за професионалци во МВР. МВР е комплексна структура каде редот и поредокот се најважни, пред сè дисциплината и посветеноста, пишува во соопштението на Иницијатива „Сигурност” за заштита на правата на вработените во МВР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.