Во Државната изборна комисија денеска на јавна седница со жрепка ќе се утврди редоследот на единствената листа на кандидат за избор на претседател на државата. Ќе се утврди редоследот на гласачкото ливче со тројцата претседателски кандидати: Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река. Тие и официјално се кандидати во изборната трка за претседател на државата, откако вчера Државната изборна комисија ја потврди регуларноста на нивните кандидатури.

Пендаровски, кандидат од СДСМ и колицијата, Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Река, зад кого застанаа Алијансата на Албанците и Движењето Беса, до 1 април, кога почнува кампањата за претседателските избори, треба да се воздржат од јавни настапи, изјави или се што би значело кампања.

Кампањата за претседател на државата почнува на 1 април и ќе трае до 19 април по што следува изборниот молк. Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот за 5 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.