Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев смета дека Законот за употреба на јазиците не може да се спроведува во судските постапки и дека забелешки на Венецијанската комисија се коректни. Во изјава за „Сител“, Здравев вели дека е неспорно дека одредбите од Законот за употреба на јазиците не може да се спроведува во судските постапки, бидејќи на таков начин ќе се одолговлечат процесите.

Според него ваквите забелешки на Венецијанската комисија се коректни, бидејќи и постоечките закони им овозможуваат на граѓаните кои не го разбираат македонскиот јазик да добијат превод.

Во однос на законските измени кои ги најави премиерот Заев за да се имплементираат забелешките на Венецијанската комисија, Здравев вели дека тоа зависи од законодавниот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.