Адвокатот Јовица Страшевски преку писмо се обрати до Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев во врска со неговата изјава дека  ,,седницата е веќе закажана и дека ќе се одржи по ултимативниот рок на одбраната,,

Страшевски го повика Здравев  да смогне сила и да оддолее на притисоците кои се прават врз него за целиот овој временски период и да свика итна вонредна седница на судскиот совет и веднаш да одговори на барањето од Претседателот на основниот кривичен суд   дека поднесеното барање од негова страна за продолжување на мандатот на поранешната судија – поротник Лидија Ивановска – Кочковска е незаконито и спротивно на Законот за судови и Законот за судски совет како и  дека  Судскиот совет нема законски основ за донесување на таква одлука  бидејќи на истата веќе и е престанат мандатот со протекот на времето за која истата е избрана.

С

Воедно со неговата вчерашна изјава како и недавање на одговор по однос на поставените прашања кои јавно му беа поставени, можам да сметам дека постапуват спротивно на Уставот и законите во РСМ, иако преку институцијата која ја раководие најповикан за почитување на уставот и законите на РСМ и за почитување на НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСТВОТО.

Доколку и понатаму во наредните денови не даде јавно одговор на поставените прашања бидејќи јавноста мора да биде запознаена со неговата работа и работата на институцијата со која раководии не достави одговор на барањето на претседателот на Основниот кривичен совет станува потикнувач и помагач при вршење на повеќе кривични дел, а воедно и самостојно врши дејствиија кои  имаат обележја на кривични дела согласно КЗ.

Јавноста а и судската фела како и членовите на Судскиот совет треба да бидат запознаени со сите незаконски дејствија кои се предземаат од негова страна и го охрарувам јавно да проговори за притисоците кои ги трпи за целиов овој период-пишува адовокатот

Страшевски му постави   уште едно прашање на  Здравев

Дали договорот со Вашите наредбодавачи е до 27 јануари незаконски да се заврши предметот ,,ТНТ,, а на седницата закажана на 27 јануари да го изберете Огнен Ставрев за судија на Апелациониот суд?-прашува адвокатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.